Фудбал Манчестер Јунајтед

Ериксен не добил понуда за продолжување на договорот со Јунајтед

Не, се уште немало разговори за нов договор. Одлуката за мојата иднина ќе биде избалансирана, изјави Ериксен.

Ериксен не добил понуда за продолжување на договорот со Јунајтед

Данскиот играч за врска, Кристијан Ериксен индиректно потврди дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед следното лето.

Договорот на играчот е само до крајот на сезоната, а тој самиот изјави дека се уште не се разговарало за негово продолжување.

Ериксен навести и дека одлуката за кариерата ќе биде донесена и врз основа на можноста да добие поголема минутажа на теренот и како се би влијаело на неговиот настап во дресот на „црвениот динамит“.

-Не, се уште немало разговори за нов договор. Одлуката за мојата иднина ќе биде избалансирана. Не станувам помлад, така што сите размислувања ќе бидат насочени кон мојата кариера. Каде одам јас, каде е репрезентацијата и слично. Имам одредено искуство во фудбалот. Ако се уште ја имате брзината, експлозивноста, способноста за трчање и се останато, тогаш мислам дека нема голема разлика помеѓу 29 и 32. Во ретроспектива, мислам дека останувањето во текот на летото беше вистинската одлука. Моето семејство е среќно тука, добро ми е и во последно време добивам се поголема минутажа. Немам за што да се жалам. Сега сум фокусиран на иднината и Јунајтед, изјави Ериксен.

Во моментов е дел од репрезентацијата на Данска со која утре ќе се соочи со Шпанија, а три дена подоцна со Швајцарија.

To top