Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во посета на Париз како дел од неговата дипломатска турнеја меѓу неговите главни европски сојузници, чија цел е да добие поголема поддршка против руската инвазија.
Прекинот на огнот „не е тема на разговор со нашите сојузници“, рече Зеленски вечерва по средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон.
Тој додаде дека прекин на огнот е „руска дезинформација“.
Зеленски повика и на брзо зголемување на помошта од Западот. (МИА)