СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”.
Пријавениот, врз основа на довербата од О.Ј. од Куманово, од неа земал за употреба патничко возило „опел корса“, а откако таа побарала да ѝ го врати возилото, пријавениот одбил и почнал да ѝ се заканува.