Македонија

Одбележување на 11 Октомври- Ден на народното востание, владини делегации ќе положат свежо цвеќе

Одбележување на 11 Октомври- Ден на народното востание, владини делегации ќе положат свежо цвеќе

Од Владата информираат дека утре 11.10.2024 година (петок) по повод 11 Октомври – Ден на народното востание, владини делегации ќе положат свежо цвеќе на следните локации:

Владина делегација во состав за Куманово:

Горан Минчев, министер за јавна администрација,

Борко Ристовски, министер за спорт и

Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, ќе присуствуваат на положување на цвеќе на централната манифестација на Спомен Костурницата во Куманово во 10:00 часот.

Владина делегација во состав за Скопје:

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи,

Весна Јаневска, министер за образование и наука и

Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата за политички систем ќе присуствуваат на положување на цвеќе во Меморијален комплекс „Партизански гробишта“ во Бутел, Скопје во 10:30 часот, како и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата на Република Северна Македонија во 11:30 часот.

Владина делегација во состав за Прилеп:

Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,

Ане Лашкоска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање

Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд, ќе присуствуваат на положување цвеќе во Прилеп пред Споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могила на непобедените во 09:30 часот.

Најнови вести од Македонија

To top