Под мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство!“, првачињата од основните училишта од општина Илинден ја одбележаа „Детската недела“ и станаа членови на Детската организација. На овој значаен ден за нив тие дадоа свечена заклетва, а во таа чест нивните поголеми другарчиња им приредија културно уметничка програма, во која дечињата глумеа, играа, пееја и другаруваа.
За време на оваа свеченоста, присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, а децата се запознаа со Детската организација, нејзиното значење, детските права и одговорностите кон училиштето.
Во рамки на „Детската недела“ која се одржува од 07 до 13 октомври во општинските основни училишта во општина Илинден се одржуваат разни работилници, во кои децата земаат активно учество, како и посета на јавни институции, пришто дел од учениците беа во посета кај градоначалникот Александар Георгиевски и општинската администрација на Општина Илинден.