Македонија

Петрушевски: Штетните политики на СДС доведоа до закочен евроинтегративен процес

Во вечерашната емисија „24 Анализа” на Телевизија 24 гостуваше пратеникот Бране Петрушевски каде што истакна дека ситуацијата во која се наоѓа сега државата е катастрофална поради затекнати проблеми од претходната власт кои што треба да се решаваат, се со цел да се откочи евроинтегративниот пат.

“Зошто се закочени евроинтеграциските процеси е многу јасно, благодарение на лошите политики на претходната власт и прифаќањето на ултиматуми без општествен консензус”, изјави Петрушевски.

Тој истакна дека како одговорна власт ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат со програма, со предлог, со конзистентна политика да ги решаваат проблемите кои се наметнати од страна на Социјалдемократскиот сојуз.

„Ова што ние го нудиме е од перспектива или од појдовна точка на која што ние ја затекнуваме државата. Да било ВМРО-ДПМНЕ на власт изминатите 7 години додека било СДС, не би се нашле денеска во ваква ситуација ниту би го имале Преспанскиот договор ниту би го имале Договорот за добрососедство со Бугарија ваков каков што го имаме денес”, посочи Петрушевски.

Најнови вести од Македонија

To top