Ракомет

Митревски: Упорноста и вербата во себе беа клучни за освоениот бод

Митревски: Упорноста и вербата во себе беа клучни за освоениот бод

По големиот бод на РК Еурофарм Пелистер голманот Никола Митревски им честита на своите соиграчи за пожртвуваната игра на овој меч.

„Ова беше тежок, многу тежок натпревар. Одлично игравме 45 минути, но неколку наши грешки доведоа до тоа тие да направат целосен пресврт. Сепак, нашата упорност и верба во себе доведе до тоа на крајот да освоиме бод. Сите имаат заслуги за овој бод и им честитам за пожртвуваната игра. Но кога ќе се гледа во целост, мислам дека вечерва загубивме еден бод“, изјави искусниот голман.

Искусниот Митревски натпреварот со Спортинг го заврши со дванаесет успешни интервенции.

To top