СВР Велес поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(33) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.
На 02.08.2022 во двор на подрачното основно училиште во село Пепелиште, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.