Свет ЕУ

Пристигнува времето на пасоши и лични карти во мобилните телефони

Европската комисија предложи дигитализација на пасошите и личните карти, кои ќе можат да се чуваат во мобилни телефони со цел да се олесни преминувањето на границите.

Пристигнува времето на пасоши и лични карти во мобилните телефони

Европската комисија предложи дигитализација на пасошите и личните карти, кои ќе можат да се чуваат во мобилни телефони со цел да се олесни преминувањето на границите.

„Денешниот предлог за дигитализирање на пасошите и личните карти го отвора патот за безбедно и непречено патување“, рече заменик-претседателката на Комисијата Вера Јоурова.

Комисијата објави два предлози, еден за воспоставување заедничка рамка за користење на дигитални патни исправи и другиот за дигитална апликација за патување.

Дигиталните патни документи ќе можат да се чуваат на мобилни телефони. Граѓаните ќе можат да побараат дигитална верзија на патните исправи, која ќе биде бесплатна.

Граѓаните со пасоши на некои од земјите членки на ЕУ, како и трети земји, ќе можат однапред да го испратат својот дигитален пасош или лична карта, пред да патуваат, за претходна гранична контрола при патување кон или од Европската Унија, што би требало значително забрзување на процедурите за гранична контрола. Дигиталните документи може да се користат и за аплицирање за престој во друга земја.

„Постапката ќе биде поедноставена за сите патници“

„Со овозможување на патниците да ги поднесат своите документи претходно дигитално, граничарите ќе можат да го потврдат нивниот идентитет пред пристигнувањето. Ова ќе го поедностави процесот за сите патници, особено за граѓаните на ЕУ, истовремено фокусирајќи се на сомнителните случаи, зголемувајќи ја ефективноста на систематските проверки на нашите надворешни граници“, рече потпретседателот на Комисијата.

Предлогот на Комисијата мора да биде одобрен од Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

To top