Скопје

Стефковски и вработените во Гази Баба обоени во розово

Од утрово градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и вработените во општинската администрација на себе носат розеви бандели кои претставуваат симбол на кампањата за подигање на свесноста за ракот на дојката.

Стефковски и вработените во Гази Баба обоени во розово

Општина Гази Баба се приклучува на кампањата за подигање на свесноста за ракот на дојката која се реализира во текот на месец Октомври.

Од утрово градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и вработените во општинската администрација на себе носат розеви бандели кои претставуваат симбол на кампањата за подигање на свесноста за ракот на дојката.

За активноста градоначалникот Стефковски истакна:

Заедно со вработените во општинската администрација со носење на розева панделка се приклучивме на кампањата за подигање на свесноста за ракот на дојката која се оддржува во текот на месец Октомври.

Важна е превенцијата и раното детектирање!

Важно е секоја жена да врши редовни здравствени прегледи!

Важно е да се заштити здравјето за потоа да не биде доцна!

За нашата баба, мајка, сопруга, сестра, ќерка.. – порача Стефковски.

Општина Гази Баба е првата општина во Македонија која се приклучи на кампањата за подигање на свесноста за ракот на дојката.

To top