Свет Поради лошите услови

СЗО предупредува на појави на болести во Либан

-Се соочуваме со ситуација каде што постои многу поголем ризик од појава на болести, како што се акутна дијареја, хепатитис А и голем број болести, што можат да се спречат со вакцини, истакна Кларк на прес-конференција во Женева преку видеоповик од Бејрут.

СЗО предупредува на појави на болести во Либан

Ијан Кларк од Светска здравствена организација (СЗО) денеска предупреди на појава на болести во Либан поради лошите услови во засолништата за раселените лица и затворањето на болниците.

-Се соочуваме со ситуација каде што постои многу поголем ризик од појава на болести, како што се акутна дијареја, хепатитис А и голем број болести, што можат да се спречат со вакцини, истакна Кларк на прес-конференција во Женева преку видеоповик од Бејрут.

Здравствената агенција на ОН веќе предупреди дека здравствениот систем во Либан е преоптоварен и оти досега се затворени пет болници во земјава, а само четири се делумно функционални.

Кларк додаде дека болниците се затворени бидејќи медицинскиот персонал или побегнал од борбите или бил принуден да се евакуира.

Тој на конференцијата се осврна и на недостигот на храна во Либан, посочувајќи оти илјадници хектари земјоделско земјиште во јужниот дел на земјата се изгорени или напуштени поради конфликтот.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top