Хрватскиот клуб преку официјално известување од лекарскиот тим информираше за здравствената состојба на Александар Трајковски.
Македонскиот репрезентативец веќе одреден период има проблем со мускулот на ногата, истегнување поради кое неможе да игра.
Поради истегнување на мускулот на ногата неизвесно е приклучувањето во репрезентацијата за двата меча против Летонија и Ерменија и на Дарко Чурлинов
Чурлинов се повреди на натпреварот на Јагелонија против Легија од полското првенство. До овој момент, стручниот штаб во репрезентацијата нема да повикува дополнителен повик.