Македонија

Стојаноски: Инфраструктурни проекти на Коридорот 10, клучни за подобрување на поврзаноста и создавање економски можности во Македонија

Стојаноски: Инфраструктурни проекти на Коридорот 10, клучни за подобрување на поврзаноста и создавање економски можности во Македонија

Македонија мора активно да се поврзува со соседите и да создаде нови патишта на развој. Проектот за брза пруга кој ќе ја поврзе Република Србија со пристаништето во Солун е клучен во оваа насока, рече пратеникот Бојан Стојаноски на гостувања во емисија За или против што се емитува на телевизија Алфа.

,,Македонија не смее повеќе да биде држава која што е во центарот на балканот а не е поврзана никако со своите соседи, Македонија не смее да биде држава која има излез само на едно пристаниште туку треба да биде поврзана со сите соседи со сите пристаништа, да стане центар на случувањата и сите коридори’’, изјави Стојаноски.

Стојаноски информираше дека во план е да се заврши пругата кон Бугарија, информираше и за други проекти.

,,Ќе ја завршиме пругата кон Бугарија, Деве Баир граничниот премин се реконструира, а министерот за локална самоуправа и директорот на царина беа и кај преминот Клепало кај Берово, што значи дека има уште повеќе можности за регионална соработка“, рече Стојаноски.

Стојаноски заклучи дека Македонија е подготвена да биде клучен играч во регионот. Со реализацијата на проектот за брза пруга, ќе ја зајакнеме нашата позиција и ќе создадеме нови можности за раст и развој.

,,Нашата основна цел е зголемување на животниот стандард на граѓаните“, заокружи Стојаноски.

To top