Седницата на Европскиот парламент во Стразбур почна со едноминутно молчење во спомен на жртвите од нападите од 7 октомври минатата година.
Состанокот го отвори претседателката на ЕП Роберта Мецола во присуство на членови на семејствата на заложници киднапирани од палестинската исламистичка група Хамас за време на нападите пред една година.
„Овој ден засекогаш ќе остане како страшен и срамен спомен. Ништо никогаш нема да ги оправда недискриминирачките убиства, силувања, киднапирања и мачења од пред една година“, рече Мецола.
„Нападите предизвикаа војна, смрт и пустош. Како резултат на тоа, илјадници луѓе беа убиени во Газа. Постои нестабилност, многу млади луѓе го знаеја ужасот на војната, премногу родители ги гледаат своите деца како гладни легнуваат во кревет“.
Мецола повика на итно ослободување на преостанатите заложници и вети дека ЕП ќе продолжи да прави се што е во негова моќ за да ги врати во нивните домови.
„Нашите напори се за деескалација. Работиме на одржлив траен мир во областа во спомен на сите невини“, рече Мецола.