Фудбал

Винисиус Жуниор ќе ги пропушти средбите со Чиле и Перу

Винисиус Жуниор ќе ги пропушти средбите со Чиле и Перу

Бразилската ѕвезда од екипата на Реал (М), Винисиус Жуниор поради повреда ќе ги пропушти квалификациските дуели за Светското првенство на неговата репрезентација против Чиле и Перу, објавија од Бразилската фудбалска федерација.

Винисиус заработи повреда на вратот за време на победата на Реал Мадрид со 2-0 на домашен терен против Виљареал во саботата.

Играчот од средниот ред на Фулам, Андреас Переира е повикан да биде замена за Винисиус во составот на „кариоките“.

 

To top