Свет франција

Макрон повика на стопирање на испораката на оружје за Израел

Францускиот претседател Емануел Макрон повика денеска да се запре испораката на оружје за Израел што се користи во конфликтот во Газа.

Макрон повика на стопирање на испораката на оружје за Израел

Францускиот претседател Емануел Макрон повика денеска да се запре испораката на оружје за Израел што се користи во конфликтот во Газа.

„Мислам дека приоритет денес е да се вратиме на политичко решение, да престанеме да снабдуваме оружје за борба во Газа“, рече Макрон за време на специјалната програма на радиото „Франс Интер“ посветена на Франкофонијата.

„Франција не испорачува ништо“, додаде тој за време на интервјуто снимено на 1 октомври.

Францускиот претседател изрази жалење што ситуацијата во Газа не се смирува и покрај сите дипломатски напори направени за постигнување прекин на огнот, особено со Израел.

По започнувањето на израелската операција против проиранското исламистичко движење Хезболах во Либан, Емануел Макрон потсети и дека „приоритет е да се избегне ескалација“.

„Либанскиот народ не може да биде жртва и Либан не може да стане новата Газа“, инсистираше тој.

To top