Фудбал

Барселона ја продолжи соработката со „Најк“

Барселона ја продолжи соработката со „Најк“

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона го реши продолжи договорот со компанијата за спортска опрема Најк

Каталонскиот гигант и во следните десет години ќе ја носи опремата на овој спортски бренд.

Според информациите на „Марка“, компанијата „Најк“ ќе ѝплати на Барселона околу една и пол милијарда евра во овие десет години.

По потпишувањето на договорот, Барселона ќе добие бонус од 150 милиони евра, а секоја сезона во текот на траењето на договорот, на сметката на каталонскиот клуб ќе легнат дополнителни 125 милиони евра.

Ова е сериозен чекор за Барселона, која последните десетина години се наоѓа во голема финансиска криза.

To top