Фудбал КАС

Казната на Погба намалена на 18 месеци

Причината за суспензијата на Погба беше позитивниот тест на тестостерон по победата на торинскиот гигант над Удинезе со 3-0 во првото коло од Серија „А“ во сезоната 2023/24.

Казната на Погба намалена на 18 месеци

На францускиот играч за врска Пол Погба, кој поради допинг доби четири години забрана за играње фудбал, со одлука на Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана, суспензијата му е намалена на 18 месеци.

Тоа би значело дека 31-годишниот Погба ќе се врати на тренинзите со Јувентус во јануари, а во март ќе може повторно да игра, како што објави Сами Мокбел, спортски уредник на „Дејли мејл“.

-Ме информираа дека Антидопинг агенцијата на Италија донела одлука и верувам дека е погрешна. Тажен сум, шокиран и со скршено срце што ми е одземено се што изградив во текот на кариерата. Сè ќе дознаете кога ќе се исполнат законските норми и имам можност да зборувам за се. Никогаш свесно или намерно не сум земал додатоци кои ги прекршуваат антидопинг правилата. Како професионален спортист никогаш не би ги подобрил моите настапи на тој начин. Тоа би било непочитување и мамење на моите соиграчи и навивачите на секој тим за кој настапував. Затоа ќе се жалам до Судот за спортска арбитража, објави Французинот откако дозна за суспензијата.

Причината за суспензијата на Погба беше позитивниот тест на тестостерон по победата на торинскиот гигант над Удинезе со 3-0 во првото коло од Серија „А“ во сезоната 2023/24.

Професионалната кариера ја започна во 2011 година во Манчестер Јунајтед, а на крајот од сезоната за прв пат се пресели во Јувентус. На „Олд Трафорд“ се врати во 2016. Вториот мандат на Погба во Јувентус започна во 2022. Во дресот на репрезентацијата одигра 91 натпревар, постигна 11 голови и го освои Светското првенство во Русија во 2018 година.

To top