Свет копнена операција во Либан

Израелската армија проценува дека убила околу 250 борци на Хезболах

Израелските 98 и 36 дивизија моментално дејствуваат во неколку либански села во близина на границата со Израел, каде, како што тврди војската, војниците пронашле големи количини оружје и инфраструктура на Хезболах оставени зад себе.

Израелската армија проценува дека убила околу 250 борци на Хезболах

Израелската војска проценува дека од почетокот на копнената операција во Либан убила околу 250 борци на Хезболах, вклучително и неколку команданти на баталјони.

Потполковникот Надав Шошани денеска изјави дека војската сè уште ја проценува штетата предизвикана од синоќешните воздушни напади во јужниот дел на Бејрут, кои, според него, биле насочени кон разузнавачкиот штаб на Хезболах, пренесуваат британските медиуми.

Израелската копнена операција во јужен Либан војската ја опиша како „ограничени, локализирани и насочени упади“ чија цел е уништување на инфраструктурата на Хезболах во пограничната област, особено во селата во близина на Израел.

Доколку тоа се постигне, жителите на северниот дел на земјата, кои беа евакуирани по почетокот на прекуграничните конфликти меѓу израелската армија и Хезболах, пред речиси една година, ќе можат да се вратат дома, јавуваат израелските медиуми.

Израелските 98 и 36 дивизија моментално дејствуваат во неколку либански села во близина на границата со Израел, каде, како што тврди војската, војниците пронашле големи количини оружје и инфраструктура на Хезболах оставени зад себе.

Повеќе од половина милион либански цивили избегаа од јужен Либан, откако израелската армија ги предупреди да се евакуираат, проценува армијата.

Војниците најчесто се погодени од противтенковски и минофрлачки напади за време на операциите, но имало и непосредни битки.

Копнените операции се одвиваат истовремено со воздушни напади врз врвните команданти на Хезболах во либанскиот главен град Бејрут, како и цели низ целата земја и испораки на оружје од Иран.

Во екот на копнената операција на израелската војска од воздух се погодени повеќе од 2.000 локации на Хезболах во јужен Либан.

Најнови вести од Свет

To top