Македонија

Мисајловски: Продолжуваме да инвестираме во одбранбените капацитети согласно НАТО стандардите (ГАЛЕРИЈА)

Продолжуваме да инвестираме во одбранбените капацитети согласно НАТО стандардите и да придонесуваме за зајакнување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

Мисајловски: Продолжуваме да инвестираме во одбранбените капацитети согласно НАТО стандардите (ГАЛЕРИЈА)

Денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД, Анџела Агелер и генералите во Армијата, присуствуваме на методско-показна вежба, на армискиот полигон „Криволак“.

Вежбата е демонстрација на способностите и капацитетите на подготвеност на зајакнатата пешадиска чета, која е дел од Лесната пешадиска баталјонска група.

Честитки до сите припадници кои учествуваа во неа.

Навистина сте гордост на македонскиот народ!

За време на вежбата за прв пат беше употребен нов систем вграден на лесно оклопно возило – JLTV, далечински управувана вооружена станица, каде лицето кое што ракува со системот е заштитено.

Продолжуваме да инвестираме во одбранбените капацитети согласно НАТО стандардите и да придонесуваме за зајакнување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко.

100% #Посветени за тебе!, пишува Мисајловски во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top