Ракомет

РК Вардар започна со продажба на билети за првиот европски натпревар

РК Вардар започна со продажба на билети за првиот европски натпревар

Ракометниот клуб Вардар 1961 ја објави продажбата на билетите за првиот европски натпревар во новата сезона.

Во вторник вардарци во првото коло на Европската лига на ЕХФ ќе се судрат со исландски Валур. Во таа цел веќе се во продажба билетите за отворањето на европската сезона.

Вардар ќе продава билети по цена од 300 низ салата и 400 денари за долните блокови. Ќе има онлајн продажба преку мрежата на „mktickets.mk“ и или на благајната.

Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ на осми октомври (вторник) во 20:45 часот.

To top