Францускиот селектор Дидие Дешамп ги одреди фудбалерите кои ќе ја претставуваат земја на следните натпревари од Лигата на нации, а меѓу нив ги нема Килијан Мбапе и Антоан Гризман.
Мбапе не е повикан поради повредата која ја заработи минатата недела на дуелот меѓу Реал Мадрид и Алавес, додека Гризман официјално се повлече од настапите за националниот тим.
Тоа значи дека за октомвриските настапи Франција нема да смета на капитенот и заменик капитенот, па Дешамп морал да одреди нов предводник на теренот.
Иако засега е неофицијално, изборот паднал на голманот Мајк Мењан, кој изминатиов период се истакнал со својот авторитет и ја има довербата на стручниот штаб.
Мењан не е играч со најмногу настапи и за капитенската улога можат да конкурираат и Дембеле и Конате, но неговите последни реакции во соблекувалната го направиле да се издвои во однос на останатите француски ѕвезди.
Франција во октомври ќе се соочи со Израел и Белгија.