Култура

Врвниот виолинист, виртуозот на “Чардашот”- Роби Лакатош свиреше на виолина изработена од нашиот Вејчеслав Поповски на штандот на Томастик – Инфелд на светскиот музички саем Кремона Мондомузика

Нашиот Вејчеслав Поповски ги претстави своите инструменти на најголемиот светски музички саем Cremona Mondomusica 2024 и ја имаше честа од сите инструменти на саемот, врвниот виолинист, виртуозот на “Чардашот”- Роби Лакатош да ја избере неговата виолина копија на ,,Stradivarius – Jupiter 1700 и да направи настан за паметење на штандот на најпознатиот произведувач на жици Thomastik-Infeld Vienna.

Вејчеслав Поповски

Многу гости ја имаа можноста да уживаат во мини концертот на маестро Лакатош и неговиот оркестар кој со неговата уникатност и стилска разновидност како музичар и со врвното дело создадено од нашиот градител Вејчеслав создаде магијата и успеа да ги покаже можностите на инструментот и квалитетот од кој беше посебно позитивно изненаден и зачуден.

Вејчеслав Поповски

Вејчеслав, е првиот Македонец кој учествува на овој светскиот музички саем и кој со својот квалитет изненади многу инструменталисти, но и врвни мајстори – градители на гудачи инструменти. Уште еднаш се потврди правилото дека квалитетот не може да остане не забележан и сме горди што Македонија како земја се запиша на картата на светски познати градители на гудачки инструменти.

Вејчеслав Поповски

Во чест на нашиот Вејчеслав, маестро Лакатош ја отсвири и нашата антологиска песна „Македонско девојче’’.

Вејчеслав Поповски
Вејчеслав Поповски

Најнови вести од Култура

To top