Музика Certificate of Merit for Violin Tone

Македонска гордост: Вејчеслав Поповски се стекна со големо меѓународно признание

Ваквите натпревари се шанса за идните виолинисти да ги покажат своите вештини, да се запознаат и да имаат можност да учат од  мајстори и музичари или да освојат значајни признанија и награди.

Македонска гордост: Вејчеслав Поповски се стекна со големо меѓународно признание

На најголемиот светски настан во организација на Violin Society of America кој беше домаќин на својата 50-та конвенција и 25-тиот меѓународен натпревар во Индианаполис, Индијана САД во периодот од 17-22 ноември 2024 година, нашиот градител на виолини Вејчеслав Поповски се стекна со „Certificate of Merit for Violin Tone“, што претставува големо меѓународно признание за квалитетот на неговите инструменти.

Violin Society of America е основано во 1973 година и е непрофитна организација создадена со цел да ја промовира уметноста и науката за изработка, поправка и зачувување на жичени музички инструменти и нивните лакови. Членството во VSA е отворено за сите кои имаат заеднички интерес за виолина, виола, виолончело, бас и нивните лакови, и на тој начин одразува широк и разновиден опсег на интереси и грижи, вклучувајќи занаетчиство, акустика, иновации, историја на инструменти и изведувачи, техника, практика на изведба, репертоар и други работи што се однесуваат на инструменти од семејството на виолина.

За да се постигнат овие цели, VSA им нуди голем број важни услуги на своите членови и на заедницата на жичени инструменти воопшто. Се организира на секои две години каде талентирани музичари од целиот свет се собираат да се натпреваруваат. Но се одржува и конвенција на која се нудат предавања, изложби, концерти и други активности од интерес за членовите.

Ваквите натпревари се шанса за идните виолинисти да ги покажат своите вештини, да се запознаат и да имаат можност да учат од  мајстори и музичари или да освојат значајни признанија и награди. Натпреварите на ова ниво често вклучуваат повеќе рунди каде учесниците се оценуваат од страна жири комисија, тестирајќи го квалитетот, техничките способности, уметноста во изработката и приспособливоста на инструментот на изведувачот.

Дополнително, конвенциите на овие настани обезбедуваат можности за вмрежување, работилници, мастеркласи и едукативни сесии и за старите мајстори и за студентите. Тие се типично важни собири за оние кои се страстни љубители за гудачки инструменти, кои нудат шанси да учат од професионалци во областа, да разменуваат идеи и да разговараат за иднината на уметничката форма.

-Да се биде во друштво со најголемите светски градители на виолини е голема чест, но да се натпреваруваш со светски признати имиња рамо до рамо со свои 24 години е голем предизвик, но во толкава конкуренција  да се стекнеш со „Сертификат за заслуги“ е дело за длабока почит.

 

Најнови вести од Музика

To top