,,СДС нека се зафати да си го исчисти својот двор, нека го заврши отчетниот конгрес за своите претходни 7 години работа, нека одржи еден нормален состанок, а потоа нека се зафака со работата на новата Влада”, изјави Софија Куновска на гостување на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.
Според неа ако правиме една оценка ова се всушност последици од владеењето на СДС и ДУИ.
Оттука, вели Куновска, потребно е да дојде нов свеж бран т.е простор на новата Влада да ги санира истите и да покаже дека ги реализира своите ветувања.
Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи кој исто гостуваше во емисијата рече дека очекувањата се високо подигнати, довербата во судството мора да се поврати, но реално дали е можно за само 3 месеци да се реформира судството.
,,Пребрзо е за да видиме дали има резултати од борбата против корупција и организиран криминал. Прекраток е периодот за да се подигнат тие покрупни процеси во правосудсвото и довербата во истото беше некои 3% и ВМРО и коалицијата излезе со едни сериозни реформи во тој дел”, додава Димитровски.
Димитровски укажа дека јасна е добрата волја на новата Влада не само да ги реши заостанатите проблеми и да стави крај на неспособноста на СДС, туку и да се посвети на иднината.