За време на состанокот на министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, остварив кратка средба со домаќинот на конференцијата, сојузната министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Annalena Baerbock, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Фокусот на разговорот беше ставен на придобивките од Берлинскиот процес, со посебен акцент на заедничкиот Регионален пазар, кој има клучно значење за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан. Во рамките на билатералните односи, ја истакнавме одличната соработка на политички и економски план, а воедно изразив благодарност за постојаната поддршка што Германија ѝ ја обезбедува на нашата земја, особено во контекст на евроинтеграциите, истакна Муцунски.