Македонија македонија

Поминуваат стабилни сто дена, Владата покажа одржливост без ДУИ и СДСМ

Ветувањата од страна на премиерот станаа реалност за македонскиот народ. Премиерот Христијан Мицкоски на почетокот нагласи дека оваа Влада ќе се формира без СДСМ и без ДУИ и дека тие нема да бидат услов за да функционира Република Македонија.

Денес по повод 100 дена влада се обрати премиерот Мицкоски и нагласи дека промените и подобрувањата ќе продолжат со ист интензитет и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги заборави граѓаните како што ги заборави СДСМ и ДУИ и дека ќе им служат на сите без поделби. Владата на ВМРО ДПМНЕ функционира стабилно а заканите од страна на ДУИ и СДСМ нема да станат реалност.

Премиерот нагласи дека во првите 100 дена тие дале 100% за граѓаните.Премиерот ги нагласи реализациите и тоа:

– Повисоки пензии преку линеарно покачување на пензиите на над 330.000 пензионери
– 15 милијарди денари за капитални инвестиции за општините
– За 100 дена 4 странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра, коишто ќе значат нови 1.600 вработувања
– Исплатени се повеќе од 1,2 милијарда денари за заостанати субвенции од минатото и во годината
– 20 милиони евра за реконструкција на студентските домови и слично

Реализираните работи од ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека и покрај сите криминали, долгови и задолжувања од страна на СДСМ и ДУИ кои ја однесоа државата во неповрат оваа влада и покрај сите потешкотии,работи и ќе работи во интерес на државата и на народот, а не на поединци.

Најнови вести од Македонија

To top