Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ известува дека ќе се изведува реконструкција на десната тунелска цевка од Тунел 1 на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица.

На Р-110, од клучка кај с. Тремник до клучка Демир Капија, од вчера сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува преку автопатот поради градежни работи.

Најнови вести од Македонија

To top