За корисниците од Средно Нерези од 2 часот е во прекин водоснабдувањето поради уличен дефект од Ф-100 мм на ул.„Козле“ крак 3 во населба Козле.
ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека од 8 часот ќе се работи на санација дефектот и дека прекинот на водоснабдувањето ќе трае до неговото отстранување.