СДС и натаму тоне. Последните анкети говорат дека се пет пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ, велат во партиското соопштение од владејачката партија.
Оттука очигледна е нервозата и следат навреди кон граѓаните што е за осуда.
СДС одговорот од граѓаните го доби на изборите во мај. Граѓаните рекоа јасно не за политиките на СДС. Граѓаните ја казнија СДС.
Од СДС пак како да не разбираат и наместо во јавност да настапуваат со визија, тие удрија по граѓаните.
За СДС под водство на Венко Филипче граѓаните се будали, а за претходниот претседател на државата, Стево Пендаровски беа стока.
Оттука СДС вината за тонењето да ја бараат во своите редови кои не знаеја ништо освен навреди и практикување на големо на корупција и криминал.
СДС треба едноставно да се извини за речникот кон граѓаните и да погледне кон себе. Навреди на адреса на граѓаните не смее да има, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.