Израелската армија соопшти дека Хезболах утринава од Либан лансираше пет ракети врз пограничните населби Метула и Авивим, на северот од Израел.
Некои од проектилите биле пресретнати, додека други погодиле ненаселени области, се наведува во соопштението на ИДФ.
Тајмс оф Израел пренесува дека нема извештаи за жртви или материјална штета од последниот напад од Либан.
Либанската милитантна организација Хезболах објави дека со артилериски оган ги гаѓала израелските војници во Метула на северот на Израел.
Оваа милитантна група не го коментираше почетокот на ограничените израелски копнени напади врз Либан.
ИДФ утринава соопшти дека синоќа започна ограничени копнени операции во јужен Либан против милитантната група Хезболах и дека цел е инфраструктурата на милитантите од Хезболах во голем број либански села долж границата кои претставуваат закана за израелските градови. (МИА)