Македонија

Собранието ќе одржи продолженија на неколку пленарни седници

Собранието ќе одржи продолженија на неколку пленарни седници

Собранието денеска ќе одржи продолженија на 11 седници, на кои треба да се отвори дебата за неразгледани точки на дневниот ред.

Најмногу неразгледани точки има на 131-та седница и на 115-та седница. На 131-та седница се Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија, Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, Предлог-одлуката за избор на директор на Оперативно-техничката агенција – ОТА, Предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Предлог за огласување именување на Јавен обвинител на Република Северна Македонија…

На седницата се и измените на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за вработување и осигурување во случај на невработеност, за заштита на децата, за социјалната заштита, за издавање на обврзници на Република Северна Македонија за денационализација, сите по скратена постапка.

Пратениците треба да дискутираат и за Предлог-декларацијата за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација, за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, во прво читање и за Предлог-одлуката за давање согласност на Статутот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.

На 115. седница неразгледани точки се Информацијата за состојбата во Судскиот Совет, годишните извештаи за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, за работата на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија, сите за 2022 година.

Најнови вести од Македонија

To top