Фудбал

Пол Сколс со критики кон играчите на Манчестер Јунајтед

Пол Сколс со критики кон играчите на Манчестер Јунајтед

Легендарниот фудбалер за врска Пол Сколкс смета дека вината за лошите резултати на Манчестер Јунајтед кај директорите кои го правеа тимот, бидејќи тој смета дека тимот воопшто не е подобар од оној лани.

Сколс како чист пример го зема Матијс Де Лихт, фудбалер кој според него не е подобар од англискиот стопер Хари Мегваер.

– Кога го гледате Јунајтед, гледате тим кој не знаете како ќе игра. Не постои идентитет, не знаете како ќе пристапат на натпреварот. Со нив не се знае дали ќе играат на контри, или ќе имаат посед на теренот. Јунајтед во моментов изгледа како неистрениран тим, тоа е реалноста.

– Само за споредба, Анге Постекогклу веднаш наметна свој стил во Тотенхем. Тен Хаг е во Јунајтед повеќе од две години, а ние не гледаме изграден стил. Сите знаевме како ќе игра Тотенхем од првиот ден со новиот менаџер, а истото го гледаме и сега. Ние две години не направивме ништо, нема никаков напредок, како да стоиме во место. Играчите изгледаат мртво, изгледаат како да не знаат што треба да прават на теренот.

– Критики одат и кон тие кои го составија тимот. Кога носите нови фудбалери, очекувате нешто подобро од тоа што сте го имале. Не гледам нови фудбалери кои прават голема разлика. Де Лихт пристгина како замена за Мегваер, но нема голема разлика меѓу нив. Не смета дека тој е исплатлива инвестиција, – вели Сколс за Холанѓанецот кој беше платен 43 милиони фунти во текот на летниот преоден рок.

To top