Реал Мадрид рутински славеше против Кадис и се искачи на првото место на табелата во Ла Лига, а ова гостување се покажа како уште една одлична шанса за Андреј Лунин.
Украинскиот голман доби шанса за докажување по повредата на Кепа Аризабалага, па откако се прикажа во навистина добро светло, дел од фановите на Реал отворија една дилема за стартното место меѓу стативите.
Дел од навивачите веруваат дека Лунин ја искористил укажаната доверба и заслужува да остане прв голман пред Кепа, но со тоа сепак не се согласува Карло Анчелоти.
Италијанецот не се двоуми и разјасни дека Кепа ќе се врати на голот како стартер, и тоа на натпреварот против Гранада кој се игра следниот викенд.
– Најважно од се е тоа што Лунин покажа дека е подготвен да му помогне на тимот кога не е тука Кепа. Покажа дека може да нуди партии на највисоко ниво. Сепак, кога ќе биде добар, прв голман ќе биде Кепа. Мислам дека ќе се врати против Гранада, – изјави Анчелоти.