Палестинското исламистичко движење „Хамас“ денеска го осуди израелскиот „кукавички терористички акт“ по смртта на либанскиот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, кој беше убиен вчера во израелски напад во близина на Бејрут.
„Најостро ја осудуваме оваа варварска ционистичка агресија и нападот врз станбените згради (…) Го сметаме ова за кукавички терористички акт“, се вели во соопштението на Хамас, движење поддржано и од иранскиот Хезболах.