Македонија изјава

Муцунски најавува консултации за нови амбасадори и дипломати

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА најави дека по неговото враќање во Скопје ќе отпочне процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати со персонал.

Муцунски најавува консултации за нови амбасадори и дипломати

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА најави дека по неговото враќање во Скопје ќе отпочне процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати со персонал.

Правиме план за распределба на дипломати внатре од Министерството за надворешни работи кои треба да бидат упатени во следниот период во дипломатско-конзуларните претставништва, а имам начелна согласност и со претседателката и со претседателот на Владата дека по моето враќање од ова патување ќе го отпочнеме процесот на консултации за именување на амбасадори и пополнување на дел од амбасадите и генералните конзулати каде што се испразнети или наскоро ќе бидат испразнети од највисоките функции – изјави Муцунски.

Министерот посочува дека кога новата Влада ги наследила состојбите во институциите видела дека има несоодветна распределба.

Прво, на кадарот во Министерството за надворешни работи по нашите дипломатско-конзуларни претставништва. И како најкласичен пример го давам фактот што имаме само двајца дипломати во нашата амбасада во Вашингтон, амбасадор плус уште еден помлад дипломат, во земја која е наш стратешки партнер и која што негуваме одлични односи не само во политиката туку и во делот на одбранбената и безбедносната политика, во делот на економијата и сите оние други прашања. Вклучително ова е и држава каде што имаме и голема дијаспора.

За тоа кои амбасади се најприоритени, министерот вели дека немаме амбасада или конзулат кој не ни е приоритет. Ги издвојува Париз, Постојаната мисија на ОН…

Точно е нашата мрежа не е огромна, имаме средна, веројатно и соодветна дипломатска мрежа на ДКП, но не смееме да оставаме ниедно ДКП празно бидејќи статусот на ДКП-то кога има амбасадор или генерален конзул е помоќен отколку ако има само вршител на должност. Секако би издвоил дека ние се уште немаме амбасадор во Париз, Франција е значајна земја. Како што знаете испразнета ни е постојаната мисија со враќањето на амбасадорот Фрчкоски, испразнета ни е и позицијата во ОН, но ќе повторам нема земја која што не ни е значајна – вели Муцунски.

Најнови вести од Македонија

To top