Македонија изјава

Орбан: Кинески пари не можеме да даваме, даваме европски

Одвојувањето на Албанија од Македонија околу преговорите за членство унгарскиот премиер го нарече огромна грешка на Унијата

Орбан: Кинески пари не можеме да даваме, даваме европски

Одвојувањето на Албанија од Македонија околу преговорите за членство унгарскиот премиер го нарече огромна грешка на Унијата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес на прес конференцијата со премиерот Христијан Мицкоски негираше дека заемот што и го даде на Македонија има кинеско потекло, и место тоа тврдеше дека може да ни дава пари дојдени – само од Европа.

Кинески заем, конески пари не можеме да дадеме бидејќи имаме договор со Кина и тие одат на конкретни проекти за развој. Европски пари имаме и тие ќе ви ги даваме, порача Орбан на прес конференцијата во Охрид, по средбата на двете меѓувладини делегации.

Индиректно тој убедуваше дека основата и главната мотивација на финансиската помош што Будимпешта и ја дава на Македонија, како заемот од половија милијарда евра, е поврзана со потребите на Унгарија Македонија да биде стабилна и способна како држава да се справи со миграцијата. Во тој контекст тој навести дека и натаму ќе има фиансиска помош од Будимпешта за нашата држава, без да навести кога и колку.

Лично, Орбан инсистираше дека главна тема за која разговарал во Скопје со премиерот Христијан Мицкоски била евроинтеграцијата на земјата и дека, иако е дојден со владина делегација, тука е и како претседавач на Европската унија. Според него огромна, па и историска грешка на ЕУ е што ја одвои Македонија од Албанија во евроингративниот процес без да одговори конкретно зошто и унгарскиот преставник во Брисел гласал за таа одлука.

To top