Фудбал елиф елмас

Нов проблем за Елмас, се повреди на тренинг и е неизвесен за Аугсбург

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас и оваа сезона не може да се наметне во тимот на РБ Лајпциг. Во Бундеслигата сè уште нема настап, додека во Лигата на шампионите одигра само осум минути на средбата со Атлетико Мадрид.

Но, тоа не е единствениот проблем со кој се соочува еден од најдобрите македонски фудбалери, бидејќи бундеслигашот соопшти дека Елмас најверојатно ќе го пропушти и следниот натпревар на тимот, поради повреда. .

Лајпциг на социјалните мрежи објави дека на еден од тренинзите Елмас добил удар во мускулот и неговиот настап против Аугсбург е неизвесен. Елмас не тренираше со тимот на последниот тренинг. Натпреварот меѓу РБ Лајпциг и Аугсбург на програмата е в сабота од 15:30 часот.

To top