Македонија

Државниот завод за статистика и Народната банка потпишаа Договор за соработка и размерна на податоци

Државниот завод за статистика и Народната банка потпишаа Договор за соработка и размерна на податоци

Во насока на зајакнување на координативната улога на ДЗС во државната статистика, постигнувањето висок квалитет и конзистентност на официјалните статистички податоци и намалување на трошоците за спроведување на статистичките истражувања, а во согласност со одредбите на Законот за државната статистика, денес, во име на институциите, директорот на Државниот заводот за статистика, д-р Дејан Станков и гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, го потпишаа Договорот за соработка и размена на податоци и публикациски материјали.

Со новосклучениот договор се проширува опфатот на податоци коишто се разменуваат, се олеснува и осовременува начинот на таа размена, истовремено се скусуваат и роковите за доставување на податоци. Сето ова е во насока на исполнување на статистичките барања на европските и меѓународните институции и продукција на квалитетни, веродостојни и навремени статистички податоци.

Овој Договор претставува чекор понапред во зајакнувањето на националниот статистички систем  и производството на официјални статистички податоци како и подобрување на квалитетот и конзистентноста на макроекономските статистики со цел постигнување на стандардите на европскиот статистички систем. Квалитетната статистика е клучна за процесот на носење добри одлуки и за водењето здрави економски политики. Оттаму, постоењето на функционален статистички систем и соработката помеѓу институциите од тој систем, е од суштинско значење за формулирање на јавните политики, но и носењето на деловни одлуки од приватниот сектор.

Најнови вести од Македонија

To top