Македонија македонија

Мисајловски со порака од САД: Благодарност за придонесот на сите учесници на Консултациите и на експертските тимови на Пентагон и МО и ГШ

Заедно со Треша Гуенов, главниот заменик помошник на секретарот за одбрана на САД за меѓународни прашања, ги отворивме Годишните Билатерални одбранбени консултации, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Со задоволство можам да истакнам дека имавме продуктивни Консултации на кои што уште еднаш ја потврдивме македонско-американската одбранбена соработка, идните сојузнички приоритети, вклучувајќи ги учеството во заеднички вежби и обуки, придонесот кон глобалната безбедност, како и долгогодишното партнерство со Националната Гарда на Вермонт. Благодарност за придонесот на сите учесници на Консултациите и на експертските тимови на Пентагон и Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, истакна Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top