Останати спортови

Новак Ѓоковиќ започна со подготовките за финишот на тениската сезона

Новак Ѓоковиќ започна со подготовките за финишот на тениската сезона

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати на тренинзите како дел од подготовките пред финишот на сезоната..

Ѓоковиќ се одмори откако Србија остана во елитата на Дејвис купот совладувајќи ја Грција во Белград.

Тој немаше многу време за одмор, нешто помалку од десет дена, па веќе се врати на тренинзите со својот тим во Белград.

Ѓоковиќ ќе учествува на Мастерсот во Шангај, што ќе биде негово враќање на турнир во Кина по пет години. Во Шангај се очекува учество на сите најдобри тенисери на планетата, а Новак најверојатно ќе биде за четврти носител, зад Синер, Зверев и Алкараз.

To top