Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски денеска изврши увид во изградбата на три улици во населбата Пролет. Градежните работи, како што истакна, се во должина од 500 метри.
– Се работи со полна пареа на изградба на улица 3 , улица 5 и улица 6 во населба Пролет во Делчево. Се работи за населба каде претходно се работеше на поставување на атмосферска канализација, истакна Трајковски.
Работите се во напредна фаза и со предвидената динамика очекува што поскоро доведување на улиците до фаза на асфалтирање.
– За многу краток период жителите од оваа населба ке добијат асфалтирани улици,со што значително ќе го подобриме квалитетот на живот во населба Пролет. Со тоа по долги години чекање и овие жители ќе имаат подобар пристап без газење кал, додаде Трајковски.
Изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково.