Продолжуваме неуморно да работиме за подобра иднина! Општина Ѓорче Петров станува место каде секојдневно ги подобруваме условите за живот. „Ѓорче без кал“ станува реалност! – објави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на својот фејсбук профил.
-Секој нов метар асфалт, секоја реконструирана улица, значи побезбедни и подобри услови за сите – за нашите деца, за нашите возачи и за секој граѓанин кој чекори по овие патеки. Заедно го градиме Ѓорче, онакво какво што го заслужуваме! – потенцираше во објавата Стојкоски.