Македонија

Мицкоски за резултати од „есенската кошница“: Да ги почекаме параметрите за овој месец

Мицкоски за резултати од „есенската кошница“: Да ги почекаме параметрите за овој месец

За два дена не би можел да кажам дали има резултати и дали сум задоволен, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање какви се резултатите од „есенската потрошувачка кошница“ со обврска за намалување на цените на одредени производи.

-Да почекаме да видиме како ќе се одрази тоа врз инфлаторната спирала. Да почекаме да видиме какви ќе бидат параметрите за овој месец па дури потоа би можел да дадам коментар, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Мицкоски ги појасни и причините за формирањето комисија за употребата на македонскиот јазик на ТВ-каналите на кабелските оператори, со одлука донесена на владината седница во вторникот.

-Задачата ќе и биде оние канали кои преку кабелските оператори се уште не го употребуваат македонскиот јазик, да се направи еден таков вид напор, да видиме да почне тоа унапредување за да може да се користи и македонскиот и албанскиот јазик исто како и сите останати јазици кои во моментов се користат. Богатство е кога човек знае повеќе јазици, но добро е да си го заштитите мајчиниот јазик. И добро е кога економски оператори остваруваат некаков профит овде, да знаат барем да го почитуваат македонскиот јазик, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Најнови вести од Македонија

To top