Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на маргините на 79-то Генерално Собрание на ОН во Њујорк, се вели во соопштението на МНР.
На средбата помеѓу МНРНТ Муцунски и МНР Сибиха беше реафирмирана македонската поддршката кон Украина, посочувајќи дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина на патот кон зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Министерот Муцунски истакна дека недвосмислената поддршката кон Формулата за мир, Меѓународните коалиции за основање на трибунал за злосторство, агресија против Украина и за враќање на присилно раселените деца, продолжува и понатаму, како и кон останатите иницијативи и формати за обезбедување на практична помош за Украина, истакнуваат од МНР.
На средбата стана збор и за билатералните односи, кои соговорниците ги оценја како одлични и позитивни, а беше изразено и задоволство од одличната соработка на мултилатерален план, додаваат од МНР.