Американската Агенција за меѓународен развој УСАИД во партнерство со Фондација Форд ќе одржи денеска настан насловен „Демократијата носи резултати“.
Настанот е се одржува на маргините на ГС на ОН во Њујорк и на него ќе се објават новите заложби за зајакнување на демократиите на глобално ниво.
Директорката на УСАИД, Саманта Пауер ќе ги пречека претседателите на држави и лидерите на делегации, вклучувајќи ги претставниците од Ерменија, Гватемала и Молдавија, како и билатералните донаторски партнери како Канада, Данска, Естонија, Европската Унија, Финска, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија, се вели во денешното соопштение од Стејт департментот.
Се дознава дека на собирот, владата на САД, билатералните донатори и фондациите ќе објават нови заложби за зајакнување на демократските отварања на глобално ниво.
-Настанот ќе ја покаже колективната моќ на играчите од мултилатералната заедница на дејствување, посветена на обнова и отпорност на демократијата низ целиот свет.