Свет 31 беа повредени

Русија со лизгачка бомба погоди зграда во Харков, тројца загинати

-Мета на руските бомби се станбени згради, пекара, стадион… односно секојдневието на обичните луѓе, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Русија со лизгачка бомба погоди зграда во Харков, тројца загинати

Русија со лизгачка бомба удри во станбена зграда во североисточниот украински град Харков, при што загинаа најмалку три лица, а 31 беа повредени, соопштија украинските локални власти.

Нападот, чија цел беше облакодер и други станбени области, според Украинците, беше извршен со помош на бомби со наведување.

-Мета на руските бомби се станбени згради, пекара, стадион… односно секојдневието на обичните луѓе, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Овој напад се случи во време кога борбите во источниот дел на земјата се интензивираат, а руските сили го опкружуваат и се приближуваат до речиси уништениот град Вухледар. По нападот во Харков, Зеленски објави фотографии од уништена станбена кула со огромна дупка во средината на зградата, повикувајќи ги сојузниците „да го запрат теророт“.

Во меѓувреме, во Харков, официјални лица потврдија дека Русија нападнала најмалку четири области на градот, а погодената зграда веќе била нападната на почетокот на војната.

Русија сè повеќе користи лизгачки бомби, стари советски бомби опремени со крила и сателитска навигација. Тие се евтини, уништувачки и клучни за напорите на Русија да добие дополнителна територија во Украина.

Руските сили постигнаа значителен напредок на истокот на Украина и се приближуваат до градот Вуледар – рударски град на јужниот дел од бојното поле во Донбас. Русите се обидуваат да го освојат овој град уште од почетокот на нивната инвазија.

Во понеделникот, руските воени блогери објавија дека московските трупи влегле во предградието на градот во регионот на Доњецк, додека украинската војска спомена неколку обиди да ги заземе нивните позиции во Вухледар.

Во исто време, руските сили исто така напредуваа во близина на Хлибоке, Купјанск и Покровско, според Институтот за проучување на војната, американски тинк-тенк. Оваа организација за следење на конфликтот вели дека украинските сили неодамна напредувале во областа Курск.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top