Во петок и сабота на 27 и 28 септември на плоштадот Коцка и во домот на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда ќе се одржи третиот по ред фестивал за урбана и алтернативна култура ГАЗИ БАБА ХИП ХОП ФЕСТ.
Како и во изминатите години, концептот на фестивалот е славење на сите форми на оваа култура, поради што освен главниот рап концерт во програмата се вклучени и две работилници во домот на култура со Кацар и Tonyo San, промоција на интернационалното академско списание Балкански хип хоп студии, како и Хип хоп поетри слем, изјави Александар Ковилоски.
Организатор на фестивалот е општина Гази Баба а списокот на настапувачи е одличен, влезот за сите настани е слободен.