Република здружение „Пчела“

Пчелари од Словенија во Куманово

Понапредни се во однос на едукацијата на населението кое треба да го јаде медот како храна, не како лек. Таму веќе има забележотелни резултати кои сакаме и ние да ги постигнеле. Нивна цел е да не се извезува медот од нивната држава, кажа Стошевски.

Пчелари од Словенија во Куманово

Педесетина пчелари Словенија, разменија искуства со кумановските пчелари за успешно пчеларство, информираа денеска надлежните од пчлерското здружение „Пчела“ од Куманово. Пчеларите од двете држави посетија пчеларник на семејството Стошевски, лоциран во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане. Тие разговарале на повеќе теми за одгледувањето, справувањето со последици од климатските промени, пласман и едукацијата на населението од користа од консумација на мед и пчелни производи.

– Посетата на словенечките производители беше планирана три месеци однапред и се спроведува на нивна иницијатива. Присуствуваа педесетина гости од Словенија заедно со нивниот претседателот, кој инаку е претседател на европскиот сојуз на пчелари. Имавме средба и со претставници на повеќе здруженија од повеќе градови. Разменивме искуства како до успешно пчеларење и други теми, изјави претседателот на здружението „Пчела“, Бобан Стошевски.

Пчеларите размениле искуства за стопанисување во областа на органското пчеларство, едукација за маркетинг и продажба на мед, особено на локалниот пазар. Словенечките и кумановските пчелари инсистираат да се консумира мед од локално поднебје. Словенечките производители веќе имаат резултати кои ги споделија со македонските пчелари.

– Понапредни се во однос на едукацијата на населението кое треба да го јаде медот како храна, не како лек. Таму веќе има забележотелни резултати кои сакаме и ние да ги постигнеле. Нивна цел е да не се извезува медот од нивната држава, кажа Стошевски.

Во таа насока, пчеларите од здружението на претстојниот саем на мед ќе се одржи во првите денови наредниот месец ќе излезат пред граѓаните со единствена етикета „Кумановски мед“ со податоци за местоположбата на пчларникот, реден број на одгледувалиште, документ за квалитет на производот.

To top