Останати спортови

Луис Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА

Луис Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА

Најголемите ѕвезди на шампионатот во Формула 1 се најдоа среде дебата која ја отвори првиот човек на ФИА, Мохамед Бен Сулајем.

Во последното интервју, Бен Сулајем побарал построги казни за возачите кои користат пцовки за време на трките, алудирајќи на фактот дека таквиот јазик не одговара во ситуација кога трките ги следат и помлади фанови.

Но, предводникот на ФИА направил споредба со раперите, кои пречесто го користеле „ф“ зборот во нивните песни, а тоа го налути седумкратниот шампион Луис Хамилтон.

– Кога споредувате со рапери, тоа делува како стереотип. Ако размислите, најголемиот број рапери се црнци, па кога тој вели ние не сме како нив, тука се наметнува и расистички елемент, – рекол Хамилтон.

Макс Ферстапен исто така не се сложува со ставот на Бен Сулајем и смета дека никој не може да ги искорени пцовките во секојдневниот живот, а денеска актуелниот светски шампион бил повикан на средба со стјуардите поради тоа што го користел „ф“ зборот на вчерашната прес-конференција.

To top